Црвена ѕвезда не ја исполни зацртаната цел за ова лето, а тоа е пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Српскиот првак беше непријатно изненаден во двомечот со Пафос од Кипар и по двата меча загуби со вкупни 3:2, па мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа.
Со неуспехот да игра во Лигата на шампионите, Црвена ѕвезда остана без пласнираните милиони во клупската каса. Сепак, Црвено-белите летово одлично заработија. Од продажба на играчи, Црвена ѕвезда летово заработи над 46 милиони евра.
Оваа бројка може да достигне и до 50 милиони евра, што само ќе биде поместување на рекордот за заработени пари од трансфери на играчи во еден преоден рок.