3.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Црвена ѕвезда му одржа фудбалска лекција на градскиот ривал и му побегна на +4 бода

Фудбалерите на Црвена ѕвезда одиграа шампионски против градскиот ривал Партизан и победија со 3-0 во вечното дерби. Со овој тримф „црвено-белите“ му побегнаа на Партизан на четири бода на врвот од табелата во српската Супер лига.

Белградските „црвено-бели“ дојдоа во водство преку Василија Костов во петтата минута од судиското продолжение на првиот дел. Во 56-тата минута веќе беше 2-0 за Црвена ѕвезда, со голот на Марко Арнаутовиќ.

Конечните 3-0 ги постави Александар Катаи во 77-мата минута.

Победата од 3-0 е најубедливата домашна за Црвена ѕвезда по триумфот од 4-1 во 2008 година.

Партизан и по девет години останува без триумф на гостувањата на стадионот „Рајко Митиќ“, а последен пат победија во 2017 година, кога ја освоија и последната од 27-те шампионски титули.

- Оглас -

Најнови вести