Вечното кошаркарско дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан кое се одигра во рамките од АБА-лигата му припадна на актуелниот владетел со Јадранот при конечни 92:86. Неизвесната пресметка од 18-тото коло се одржа во популарната сала „Пионир“, каде што Црвено-белите во улога на домаќини се одмаздија за поразот од претходниот дуел.
Јасно беше дека ќе биде тврд натпревар, а тие очекувања се оправдаа уште по првата четвртина, при тесен резултат од 25:23 во корист на Ѕвезда. Во првите 10 минути блескаше Били Берон реализирајќи 13 поени, неговиот учинок придонесе домаќините на пауза да заминат со минималната предност.
Партизан во вториот дел успеа со мини-серија да дојде до +6 поени предност, која експресно беше анулирана, па кош за кош се играше до самиот финиш. Во последните три минути следуваше серија од 6-0 на Ѕвезда, со која ја презедоа иницијативата која се покажа како клучна за победата.
Берон со 24 поени го растури Партизан, а Лазиќ придонесе со 12 поени. На другата страна, со 14 поени Гордиќ беше најефикасен. Ѕвезда по ова коло повторно е во топ 4, каде што продолжува битката за пласман во разигрувањата со Морнар, Цедевита и Приморска. Партизан останува на второто место со 31 бод.