Искусниот српски центар и ексрепрезентативец, Мирослав Радуљица, потпиша двегодишен договор со Црвена ѕвезда, клубот кој во минатото потценувачки го нарекуваше ФМП.
Радуљица, кој има и НБА искуство, веќе почна да тренира со тимот и би требало да се најде во составот кој в сабота ќе го пречека македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во првото коло на АБА-лигата.
Српските медиуми потсетуваат дека во 2011 година, кога играше како позајмен за Партизан, Радуљица даде изјава која не им се допадна на ѕвездашите.
„За мене тој клуб е ФМП. Речиси сите момци таму се од Железник, има само двајца од Ѕвезда“, изјави Радуљица додека го носеше црно-белиот дрес.