Црвена ѕвезда наполни 74 години, но како го добила името?

Датумот четврти март 1945 година е посебно запишан во срцата на навивачите на белградска Црвена ѕвезда, тоа е денот кога е формиран клубот, а денеска на 74-годишнината се потсетуваат како дошло до тоа името да биде Црвена ѕвезда.

Иницијативата била на членови на обединетиот сојуз на антифашистичката младина на Србија, а еден месец претходно, во февруари, било формирано младинско фискултурно друштво кое прерасна во спортски колектив и го доби името Црвена ѕвезда.

На последната седница на иницијативниот одбор, основачите долго дискутирале како ќе се вика новиот спортски колектив, предлозите биле Младост, Ударник, Торпедо, Динамо, Локомотива, но ниту еден не им бил привлечен.

Според една од верзиите, која се чини е најблиску до вистината, „кумови“ биле Слободан Ќосиќ и Зоран Жујовиќ, кои се првите потпретседатели на клубот.

„Луѓе, а друштвото да го наречеме Ѕвезда?, предложил Ќосиќ. На ова Жујовиќ додал: „Одлично, само нека биде црвена“.

Првиот меч пред 74 години, Ѕвезда го одигра против Првиот барталјон на втората бригада на КНОЈ и победи со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести