Фудбалерите на Црвена ѕвезда одиграа нерешено, 1-1, против Селта Виго на домашен терен и не успеаја да влезат во најдобрите осум екипи во Лигата на Европа, иако на крајот беше јасно дека и со победа немаше да ја постигнат целта.
Динамо Загреб загуби со 2-0 на гостувањето Мидтјиланд, но и покрај тоа успеа да се „протне“ помеѓу најдобрите 24 екипи и ќе игра во 1/16-финалето, благодарение на резултатите на останатите натпревари.
На првото место во лигашкиот дел заврши Лион, со 21 бод, колку што имаше и Астон вила, но Французите имаат подобра гол-разлика. Во топ-8 се и Мидтјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома.
Резултати:
Астон вила – Салцбург 3-2
Базел – Плзен 0-1
Бетис – Феенорд 2-1
Селтик – Утрехт 4-2
Црвена ѕвезда – Селта Виго 1-1
Порто – Глазгов Ренџерс 3-1
ФЦСБ – Фенербахче 1-1
ГА Иглс – Брага 0-0
Генк – Малме 2-1
Лил – Фрајбург 1-0
Лудогорец – Ница 1-0
Лион – ПАОК 4-2
Макаби ТА – Болоња 0-3
Мидтјиланд – Динамо Загреб 2-0
Нотингем Форест – Ференцварош 4-0
Панатинаикос – Рома 1-1
Штурм Грац – Бран 1-0
Штутгарт – Јанг бојс 3-2

