Црвена ѕвезда нема да загуби, иако може да си дозволи и пораз од три гола разлика

6022 ХЈК Хелсинки – Фенербахче (18.00 часот)

Турскиот тим во Финска стартува со предност од 1-0, со колку што го доби првиот натпревар пред една недела. Хелсинки навидум има достижна негатива која може да ја надомести, но тоа е тим кој на четири од последните пет меча одигра со 0-1 гол. Месецов редовно играат неефикасни мечеви, а ним им требаат барем два гола во мрежата на гостите. Фенер на последните три меча, два во турската лига и на оној првиот со ХЈК, нема примено гол. Последниот пораз на Фенербахче беше во мај.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.70)

 

6025 АЗ Алкмар – Селтик (20.15 часот)

Селтик дома победи со 2-0, па холандскиот тим има тешка задача. Алкмар нема играно цела недела, целосно се фокусира на овој реванш за влез во групите од Лигата на Европа, додека Селтик викендов со 6-0 го прегази Сент Мирен. Селтик месецов одигра шест меча и ги доби сите шест, и покрај тоа, на сите шест меча даваше барем два гола. АЗ Алкмар уште од јануари нема загубено меч на домашен терен.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

6026 Клуж – Црвена ѕвезда (20.30 часот)

Ѕвезда во Белград го растури романскиот тим со 4-0 и тоа го прави овој меч тежок за прогнозирање бидејќи гостите може да калкулираат. Клуж последните три меча во романската лига ги доби со по 1-0, но на европска сцена не им оди и ќе биде чудо ако успеат да го елиминираат српскиот првак. Тренерот Станковиќ нема да дозволи опуштање, за Клуж каква било победа ќе биде изненадување бидејќи психички се паднати по дебаклот во Белград.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.82)

 

6029 Легија – Славија Прага (21.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои во минатото коло испаднаа од квалификациите за ЛШ. Легија и Славија одиграа интересен прв меч во главниот град на Чешка, беше 2-2 и сите голови паднаа во првото полувреме. Тие погодоци дадени на гостинските терен не значат ништо, Легија мора да победи во 90 минути ако сака да избегне играње продолженија. Славија е незгоден тим, во тоа се увери и Острава, која пред четири дена беше разбиена со 4-0.

Предлог тип: 3+ (1.81)

 

6030 Штурм Грац – Мура (21.00 часот)

Австрискиот тим, кој е втор на табелата во домашната лига зад Салцбург, на првиот дуел во Словенија победи со 3-1 и сега само треба да го потврди пласманот во групната фаза од ЛЕ. Штурм е тим кој игра доста ефикасно, но веруваме дека и Словенците може да постигнат барем еден гол и чесно да се простат од ЛЕ. Мура ретко дава повеќе од еден гол и овој показател отпишува какво било чудо на вечерашната средба во Грац.

Предлог тип: Т2 1+ (2.05)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести