Фудбалерите на Црвена ѕвезда немаа милост за шампионот на Гибралтар, Линколн, и славеа на домашен терен со убедливи 5-1. За разлика од првиот меч во Гибралтар, вечерва „црвено-белите“ беа разиграни и патникот во третото коло го решија уште во првото полувреме.
Катаи, Иваниќ, Дуарте и Милсон погодуваа во првиот дел за убедливи 4-0, додека во второто полувреме двете екипи постигнаа по еден гол, а гостите промашија и пенал.
Копенхаген и вторпат ја совлада косовската Дрита и ја испрати во Лигата на Европа да го чека елиминираниот од двомечот на ФЦСБ и Шкендија.
Динамо Киев повторно го победи Хамрун со 3-0 и со вкупни 6-0 продолжува во следната рунда од Лигата на шампионите, додека Зрињски иако имаше водство од 2-0 против Слован Братислава и беше блиску до сензација, на крајот одигра само 2-2 пред својата публика.