Како ретко кога, Црвена ѕвезда и Партизан загубија во исто коло во српското првенство. Партизан дома беше изненаден од Железничар и загуби со 1:3, а Црвена ѕвезда беше поразена на гости кај Јавор.
Делува необично, но поразот на Црвена ѕвезда на гостувањето во Ивањица и не е некое големо изненадување, барем ако се погледне традицијата и датумот кога се играше средбата.
Во изминативе 23 години, ова е третпат Црвено-белите да гостуваат во Ивањица кај Јавор на 23 ноември и во сите три меча гостите неславно поминаа.
Првиот пат тоа се случи на 23 ноември 2002 година, кога Јавор ја победи Црвена ѕвезда со 1:0. На истиот тој датум, 23 ноември, но 2008 година, Јавор и Црвена ѕвезда играа 1:1 во Ивањица.
Сега, пред три дена, односно повторно на 23 ноември, Црвена ѕвезда повторно загуби од Јавор, и тоа со 1:0. Едноставно, најтрофејниот српски клуб сигурно во иднина нема да сака да гостува кај Јавор.
View this post on Instagram

