Црвена ѕвезда носи големо засилување

Поранешниот капитен на српската репрезентација Александар Коларов е пред трансфер во Црвена ѕвезда за следната сезона, пишуваат српските медиуми. Најавите се дека Коларов се договорил да го облече дресот на српскиот првак, а договорот би бил на две години (една плус една година), за плата од околу 600.000 евра по сезона.

Коларов моментно поради повреда не е во тимот на Интер. Тоа е играч кој во кариерата има играно и за Рома, Манчестер сити, Лацио, а во српското првенство ги носел дресовите на ОФК Београд и Чукарички.

 

- Оглас -

Најнови вести