Кошаркарите на Црвена ѕвезда го доживеаја првиот пораз во новата евролигашката сезона откако загубија во Каунас, од Жалгирис со 79-74. Клучна за поразот на “црвено-белите“ од Белград беше последната четвртина, иако претходно ги добија првите три.
Мечот започна и течеше според посакуваното за Црвена ѕвезда. Белграѓани го добија првиот период со 21-19, а потоа и втортиот со 17-16, за предност од три поени на полувремето. И третата четвртина заврши во корист на кошаркарите на Црвена ѕвезда, овојпат со 18-15, за плус шест во пресрет на последниот период.
Токму последната четвртина беше клучна за поразот на Црвена ѕвезда и победа на Жалгирис пред своите навивачи, бидејќи литванците го добија периодот со неверојатни 29-18 за комплетен пресврт и максимален ефект од две победи на првите два натпревари во новата сезона на Евролигата.
Летонецот Смитс од Жалгирис беше најефикасен на мечот со 18 поени, додека кошаркарот на Црвена ѕвезда, Митровиќ, постигна два поени помалку.