Црвена ѕвезда одигра како во транс, Партизан беше немоќен (Видео)

Црвена ѕвезда го доби големото белградско дерби против Партизан со 88:72, во меч од 19 коло во кошаркарската Евролига. Во текот на целиот меч, Црвено-белите беа многу подобар тим и уште во првата четвртина имаше двоцифрена предност од 20:10.

Бодрени од преку 20.000 навивачи во „белградската Арена“, кои направија неверојатна атмосфера, кошаркарите на Црвена ѕвезда продолжија со одлична игра, па во средината на втората четвртина стигнаа и до 20 поени предност (36:16).

https://twitter.com/i/status/1743002943576547830

Највисокото водство домашниот тим го имаше на стартото од второто полувреме кога на резултатот беше 52:29, а плус 20 беше на влезот од последните 10 минути (68:48). Партизан се обиде да направи да има неизвесна завршница кога намали на девет разлика (77:68), но Црвена ѕвезда не дозволи да има драма и брзо ја врати предноста на плус 14 (82:68) и беа решени сите дилеми околу победникот.

Фенербахче убедливо го доби дуелот против Макаби Тел Авив со 109:74, Асвел на домашен терен беше подобар од Жалгирис со 93:79, а во најнеизвесниот натпревар Олимпијакос со 75:73 беше подобар од Монако.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести