Како што се очекуваше, по поразот од Крка, досегашниот тренер на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда, Милан Томиќ, денеска си поднесе оставка. Во следниот период, до именување на нов тренер, екипата ќе ја води помошникот Андрија Гавриловиќ.
Томиќ беше многу разочаран од третиот пораз по ред (два во АБА-лигата и еден во Евролигата) и за време на гостувањето во Ново Место одржа еден тајмаут на кој на своите играчи им порача да прават што сакаат покажувајќи дека кренал раце од нив. Попладнево претседателот Небојша Човиќ ќе одржи прес-конференција на која треба да изнесе повеќе детали околу состојбата во клубот.