12.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Црвена ѕвезда падна во „Стожице“: Драмата со среќен крај за Олимпија

Кошаркарите на Црвена ѕвезда и вторпат оваа календарска година загубија во Љубљана, овојпат за половина кош, со 87-86. „Црвено-белите“ по шест меча во Јадранската АБА-лига оваа сезона имаат ефект од три победи и исто толку порази.

Домашните во поголем дел од меч имаа водство, но на стартот од последната четвртина гостите направија пресврт, па следуваше период во кој и двете екипи се менуваа во водство.

Сепак, драмата и пенал-завршницата им припадна на кошаркарите на Олимпија, кои сега имаат ефект од пет победи и само еден пораз во јадранското друштво.

- Оглас -

Најнови вести