Црвена ѕвезда пак го победи Партизан и е на чекор од титулата во АБА-лига

Вторпат во три дена Црвена ѕвезда го победи Партизан во финалето на АБА-лигата и сега Црвено-белите се на чекор од освојување на титулата во регионалното натпреварување.

Првото полувреме беше израмнето. Двата тима се менуваа во водство, а на полувреме се замина со израмнет резултат 38:38. Партизан водеше со 44:43, а потоа следуваше серија од 8:0 на Црвена ѕвезда за прво солидно водство од 51:44.

https://twitter.com/i/status/1790811650297147573

Највисоката предност на Црвена ѕвезда беше девет разлика (59:50), а во решавачките 10 минути домаќините имаа предност од четири разлика. Во последните 10 минути Црвена ѕвезда постојано водеше, во еден момент со 78:67 и на крајот стигна до сигурна победа.

https://twitter.com/i/status/1790824360762130554

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести