Црвена ѕвезда победи, но прими гол од речиси половина терен од тим кој се бори за опстанок (Видео)

Црвена ѕвезда продолжува со убедливи игри во домашното првенство, откако стигна до деветата победа во 10 коло. Црвено-белите со 3:1 славеа на гости кај ИМТ Нови Београд, тим кој е на претпоследното место на табелата со само осум бодови.

Милсон погоди за водство на актуелниот првак во 35 минута, но изненадување беше тоа што се случи во 56 минута. Гостите загубија една топка на средината од теренот, домашниот играч Курт тргна во напад и забележа дека голманот на Црвена ѕвезда е далеку од гол-линијата.

Со шут од околу 40 метри, Курт успеа да ја затресе мрежата на фаворитот и да израмни на 1:1.

Сепак, Црвена ѕвезда до крајот не дозволи да киксира и со погодоците на Родиќ и Силас стигна до триумф од 3:1.

- Оглас -

Најнови вести