Црвена ѕвезда победи во Израел за себе, но и за вечниот ривал Партизан (Видео)

Црвена ѕвезда во драматичен финиш го победи израелскиот гигант Макаби во Тел Авив со 89:86 и остана во игра за пласман во Топ-8 екипи што ќе играат за титулата во Евролигата.

Црвено-белите водеа убедливо и со 16 поени разлика, но таа се стопи во самиот финиш, кога домаќините намалија на еден поен.

Сепак, Вилдоза погоди две слободни фрлања на 7 секунди до крајот за предност од 87:84.

Домаќините возвратија со иста мерка и намалија на еден поен негатива, што само ја зголеми неизвесноста во Тел Авив, но во серијалот од слободни фрлња кошаркарите на Црвена ѕвезда имаа мирна рака и победија.

Болдвин со 38 поени за Макаби беше најефикасен на мечот, а Недовиќ кај Црвена ѕвезда уфрли 28 поени.

Црвена ѕвезда сега има биланс од 11 победи и 13 порази, Макаби е со ефект 12-12, а најмногу се чини ќе ќари вечниот ривал на Ѕвезда, екипата на Партизан, која го прескокна Макаби и е седми на табелата.

- Оглас -

Најнови вести