21.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Црвена ѕвезда подготвува отказ за Владан Милојевиќ ако не успее да го елиминира Пафос?!

Црвена ѕвезда доживеа неочекуван пораз (1-2) од кипарски Пафос на домашен терен и сега ги очекува тешка задача на гости да ја оправдаат фаворитската улога и да дојдат до лигашкиот дел од Лигата на шампионите.

Евентуална елиминација ќе значи дека „црвено-белите“ ќе играат во Лигата на Европа, но најверојатно со нов тренер на клупата. Раководството на Црвена ѕвезда размислува да му врачи отказ на Владан Милојевиќ доколку не успее да го мине Пафос, а веќе подолг период траат протестите на навивачите, кои не се задоволни од дефанзивниот стил на игра.

Најголема желба за наследник на Милојевиќ е сегашниот тренер на словенечки Цеље, Алберт Риера, но неговиот ангажман нема да бидее воопшто лесно да се изведе, бидејќи интерес има и од Бешикташ.

Риера негува офанзивен фудбал, а тоа е она што го посакуваат и во Црвена ѕвезда, но и армијата навивачи на клубот од „Рајко Митиќ“.

- Оглас -

Најнови вести