8.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

Црвена ѕвезда повеќе од осум години дома реди само порази од Барселона

Барселона продолжува со успешните гостувања во Белград против Црвена ѕвезда и славеше со 89:79 во меч од 14. коло на кошаркарската Евролига. Црвена ѕвезда имаше шанса да се искачи и на првото место на табелата, но едноставно кога им гостува каталонскиот гигант, тоа како да значи сигурен пораз.

Последен пат Црвено-белите славеле над Барселона во Белград во октомври 2017 година, што значи дека осум години каталонците доминираат на ова гостување. Уште на стартот Барселона поведе со 18:9, а во втората четвртина водеа и со 40:29.

Најмногу што успеаа домаќините да направат беше да стигнат до нерешено 55:55 во третата четвртина, но едноставно немаа сили да поведат. Во последната четвртина гостите повторно го засилија темпото и поведоа со 74:62, па до крајот само рутински ја сочуваа високата предност.

ЗА Црвена ѕвезда ова е петти пораз сезонава, а Барселона стигна до деветиот триумф. Вкупно во евролигашката историја, Барселона има 16 победи, а Црвена ѕвезда се радувала само три пати досега

- Оглас -

Најнови вести