Црвена ѕвезда пред 35.000 гледачи на својот стадион ќе игра пријателски дуел, а не е фаворит за победа

Српскиот првак Црвена ѕвезда денеска ќе ја има последната контролка пред стартот на новото домашно првенство. Фиорентина ќе гостува на стадионот „Рајко Митиќ“, а според најавите од Белград, на трибините се очекуав да има меѓу 30.000 и 35.000 гледачи, што е неверојатна бројка за еден ваков пријателски дуел.

Црвена ѕвезда и Фиорентина се немаат сретнато меѓусебе уште од далечната 1965 година, кога одиграа два дуели во тогашниот Куп на Саемски градови.

Српскиот првак оваа сезона ќе игра во групната фаза од Лигата на шампиони, додека Фиорентина која минатата сезона загуби во финалето на Конференциската лига на УЕФА и во финалето на италијанскиот куп, заврши на осмото место во Серија А.

Интересно е дека Фиорентина е во улога на фаворит на овој контролен дуел. Денеска низ Европа ќе се одиграат 30-тина пријателски дуели кои ги има во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести