Црвена ѕвезда пред своите фанови во Арена е фаворит против Парис (Фото)

Кошаркарите на Црвена ѕвезда прикажуваат одлични игри во Евролигата и моментно се во серија од три последователни победи. Последните две победи ги остварија во Шпанија, против Барселона и Басконија. По 19 одиграни кола, тимот е на шестата позиција со скор од 11 победи и 8 порази, што директно води во плејофот, а еуфоријата кај навивачите е на највисоко ниво.

За споредба, минатата сезона Црвена ѕвезда заврши со вкупно 11 победи, што беше доволно само за 16-тата позиција. Овој податок го истакнува големиот напредок на тимот оваа сезона.

„Белградската Арена“ е распродадена уште од неделата за вечерашниот натпревар против Парис. Во првото коло Црвена ѕвезда го совлада Париз со резултат 80-77. Сепак, Парис стана едно од најпријатните изненадувања во Евролигата, со серија од 10 победи и моментално има скор од 11-7, со еден натпревар помалку против Фенербахче, кој ќе го одигра во март.

Црвено-белите се умерени фаворити, а уште пореални шанси за триумф, според квотите во Sport Life, имаат Олимпијакос против Баерн Минхен и Анадолу Ефес против Асвел.

Покрај стандардните квоти, подготвена е и огромна понуда за индивидуалниот ефект на кошаркарите, на поени, асистенции и скокови.

- Оглас -

Најнови вести