22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Црвена ѕвезда предоминантна, со 100 освоени бодови ја прослави титулата

Црвена ѕвезда пред последниот меч сезонава го крена шампионскиот пехар за доминантно освоената титула во српската Суперлига, а потоа го победија Младост Лучани со 3-1 за заокружување на бројката од 100 освоени бодови.

Ѕвезда одигра 37 меча што значи дека максимумот им беше 111 бодови, а освоија само 11 помалку што потврдува дека немаат сериозна конкуренција. За Ѕвезда ова е вкупна 36-та титула, ако се сметаат и титулите освоени во поранешна Југославија.

Денеска од Ѕвезда се простија Гелор Канга и Милан Родиќ кои заминуваат од клубот во кој оставија силен печат изминатите години.

- Оглас -

Најнови вести