Дејан Станковиќ го продолжи договорот со српскиот шампион Црвена Ѕвезда до 2025 година, објавија српските медиуми.
Популарниот Деки ќе продолжи да го предводи гигантот и поранешен светски првак, а ќе се обиде да ја продолжи трофејната низа.
Со него на клупата „црвено-белите“ од Белград ги освоија последните три шампионски круни во Линг-лонг лигата во Србија, а лани беа победници и во националниот куп.
https://twitter.com/crvenazvezdafk/status/1529417588933120005?s=20&t=ibxOG7LcStelBtTeH9D0Iw
Станковиќ беше и играч на Црвена Ѕвезда во периодот од 1995 до 1998 година, а потоа се пресели на Чизмата и играше за Лацио и Интер, три клуба што му се единствени за кои настапувал во играчката кариера.
Црвена Ѕвезда го ангажираше за тренер во 2019 година и засега тоа му е единственото искуство, а му оди одлично со веќе четири пехари и настап на Црвена Ѕвезда во Лигата на шампионите и во Европа Лигата.