Црвена ѕвезда промаши два напади за победа, па на крајот изгуби од Зенит

Кошаркарите на Црвена ѕвезда со пораз од 76:80 во продолженијата против Зенит Санкт Петерсбург ја завршија оваа година во Евролигата.

Српскиот првак имаше два напади за победа во последните секунди преку Никола Калиниќ и Нејт Волтерс, кои шутираа за тројка, но не успеаја да погодат.

Тоа го казни рускиот тим, кој одигра многу поквалитетно во продолжението и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Интересно е што некогашниот играч на Црвена ѕвезда, Били Берон, беше најефикасен на средбата со 25 уфрлени коша.

Со ова Зенит се искачи на четвртото место со скор од 12 победи и шест порази, додека српскиот тим 2021 година ќе ја заврши на 13-тто место со учинок од седум победи и 11 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести