Српскиот шампион Црвена ѕвезда го растури Фиорентина со 5-0 во контролен пријателски меч кој покажа дека Црвено-белите се сериозен тим кој заслужува да биде дел од Лигата на шампионите.
Сите голови падна од 8-ма до 27-ма минута, а потоа домашните како да се смилуваа, па не продолжија да ја полнат мрежата.
Меѓу стартерите на Фиорентина беше Лука Јовиќ, српскиот напаѓач кој пред мечот доби дрес со неговото презиме, а му го подарија легендите Дуле Савиќ и Владимир Петровиќ-Пижон.
Првото полувреме беше шокантно за сите, особено за тимот од Фиренца, па до крајот тие гледаа само да не доживеат поголема катастрофа.