Кошаркарскиот клуб на Црвена ѕвезда има сезона за историја, барем кога се работи за заработувачката од продадени билети. Од клубот објавија дека од почетокот на сезоната, до сега се заработени 4,5 милиони евра благидарение на навивачите кои кубувале карти сезонава.
„Од сезонските влезници КК Црвена ѕвезда веќе имаше приход од 3,3 милиони евра бруто, а со продадените дневни влезници до сега приходот е 4,5 милиони евра бруто. Тоа е најголема заработка од тој финансиски сегнемт во историјата на клубот“, објавија од клубот.
Пред почетокот на сезоната во Црвена ѕвезда проектирале цел да се стигне до пет милиони евра од продадени билети, а сега е сигурно дека таа сума ќе биде и надмината.
Црвена ѕвезда е лидер во АБА лигата со 14 победи и два порази, а во Евролигата има биланс од девет победи и 12 порази. Следниот меч на Црвено-белите е утрешното големо градско дерби против Партизан во АБА лигата.