15.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Црвена ѕвезда сака да ја продолжи успешната низа во Евролигата (Фото)

Кошаркарите на Црвена ѕвезда вечерва (21 часот) ќе го пречекаат шпанскиот тим Басконија во шестото коло на Евролигата. По три последовни победи на европската сцена, тимот на Саша Обрадовиќ влегува во овој натпревар во одлично расположение и со јасна цел – да ја продолжи успешната серија.


Гостите од Шпанија, кои доаѓаат како единствен тим без триумф во оваа сезона, опасни се затоа што ранетите противници често знаат да бидат најнепредвидливи.

И покрај проблемите со повредите, со оглед дека Ривер, Боломбој, Кенан и Картер се надвор од тимот, Црвена ѕвезда покажа карактер и длабочина во составот.

Басконија, пак, се наоѓа во тежок период. Пет порази во пет меча во Евролигата и низа повреди сериозно го нарушија ритамот на тимот од Виторија. Тренерот Паоло Галбијати се соочува со отсуства на клучни играчи како Маркус Хауард и Трент Форест, а дополнителен удар беше раскинувањето на соработката со Лука Шаманиќ.

Оттаму, како што покажуваат и квотите, Црвена ѕвезда е сериозен фаворит за триумф.

Вечерва има и уште неколку интересни натпревари. Барселона го пречекува Жалгирис, а Дубаи е гостин на Асвел. Подготвени се огромен број игри во Sport Life, ефект на тимовите на асистенции, скокови, фаули, уфрлени тројки…

Се разбира,тука е и омилената игра „плус/минус“ поени на ефектот на кошаркарите.

- Оглас -

Најнови вести