Црвена звезда со 4:0 победи на гостински терен против Текстилец во Бачка Паланка во меч од третото коло на фудбалското првенство на Србија. Иако шампионот славеше убедливо, сепак не беше толку лесно на теренот.
Во првото полувреме Звезда се мачеше да го скрши отпорот на домашниот меч, а малку фалеше пред крајот на полувремето, фаворитот да прими и гол. На почетокот на второто полувреме, навивачите на Црвена звезда ги повикаа фудбалерите да дојдат покрај трибината за да добијат лекција.
Сите фудбалери на Црвена звезда беа построени покрај трибината и мирно го слушаа говорот на навивачите. Откако фановите кажаа што имаат да кажат, решија да го напуштат стадионот, а фудбалерите на гостите заиграа многу подобро.
Неколку минути откако почна вториот дел, Црвено-белите конечно поведоа со 1:0. Потоа шампионот заигра многу подобро и до крајот на средбата постигна уште три гола за убедлив триумф на крајот.
Текстилец кој во бараж се избори за место во елитното фудбалско друштво, во првите три кола претрпеа три порази и заедно со Единство Уб се единствени екипи без ниту еден освоен бод.