25.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Црвена ѕвезда се намачи и едвај победи во Гибралтар

Српскиот првак Црвена ѕвезда минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Линколн во првиот меч од второто квалификациско коло од Лига на шампиони. Црвена ѕвезда на ова гостување во Гибралтар отпатува како голем фаворит за победа, но се намачи да стигне до посакувата цел.

Единствениот гол за Црвено-белите го постигна Бруно Дуарте во 30 минута. Десетина минути подоцна, српскиот првак остана со играч помалку откако директен црвен картон доби Сеол.

Во второто полувреме Црвена ѕвезда ја задржа минималната предност, но секако дека неочекувано делува фактот дека Линколн на крајот имаше 59 отсто посед на топка, а шампионот на Гибралтар упати дури 13 шута кон голот на гостите, а имаше и пет корнери.

Едноставно ова беше уште една потврда дека нема слаби екипи во европските купови.

 

- Оглас -

Најнови вести