Црвена ѕвезда со пресврт и само со една добра четвртина победи во хаосот во Подгорица

Кошаркарите на Црвена ѕвезда успеаја да победат во хаотичниот меч во Подгорица со 73-75 и да му го нанесат првиот јадрански пораз на Будуќност. Натпреварот мина во тензична атмосфера и многу инциденти, а кулминацијата беше кон средината на последната четвртина, кога гостинските кошаркари и судиите се повлекоа во соблекувалните, а мечот продолжи откако трибините беа испразнети.

Будуќност ги доби првите три четвртини, но со минимален резултат, а тоа не беше никаква гаранција за победа. Екипата од Подгорица во пресрет на последниот период имаше предност од шест поени, односно 58-52, а во четвртата четвртина следуваше комплетен пресврт на Црвена ѕвезда.

Гостите од Белград го добија периодот со 15-23, што беше доволно за минимална победа на крајот. Недовиќ со 24 поени беше лидер на Црвено-белите, додека во поразениот состав најефикасен беше Рајт со 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести