36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Црвена ѕвезда со тенк ќе го руши Јанг бојс за влез во Лигата на шампиони

Црвена ѕвезда има одлична шанса втор пат во низа да се најде меѓу најдобрите 32 екипи во Европа. Српскиот првак вечерва на својот стадионот го пречекува Јанг бојс, во реванш-мечот од последното квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Црвено-белите“ имаа поволни 2:2 од првиот меч во Берн, што значи дека им одговара и нерешено 0:0 или 1:1 за радост по 90 минути игра. Најавено е дека уште одамна се продадени сите влезници за вечерашниот меч, а гостите ќе ги очекува пеколна атмосфера. Еуфоријата е дополнително загреана откако вчера пред Северната трибина, каде што се најверните навивачи на Ѕвезда, беше поставен вистински тенк.

Како што најавија домаќините, тоа е симбол за борба, а Ѕвезда вечерва ќе води голема борба за влез во ЛШ. Дуелот започнува во 21 часот, а комплетната понуда за обложување на овој, но и сите останати мечеви од квалификациите во Лигата на шампионите може да ја пронајдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести