Црвена ѕвезда поведе со 2-0 во финалната серија на АБА лигата против Партизан. Вечерва во неизвесна завршница, Црвено-белите триумфираа со 85-81.
Калиниќ со 25 поени беше прв стрелец на средбата. Финалето се игра во три добиени, а третата средба се игра на 1 јуни, среда. Тогаш во улога на домаќин ќе биде Партизан.