34.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Црвена ѕвезда со убедлива победа над Цибона се загреваше за евролигашкиот дуел против Панатинаикос

Кошаркарите на Црвена ѕвезда забележаа убедлива победа од 59-82 на гостински терен против Цибона и ја задржаа предноста од две победи пред второпласираната екипа на Будуќност од Подгорица во Јадранската АБА лига.

„Црвено-белите“ од Белград на гостувањето во Загреб доминираа од првата до последната секунда од мечот и не му дозволија на противникот ниту да се надева дека ќе дојде до позитивен резултат на овој натпревар.

Белграѓани на првата мини-пауза заминаа со предност од +7, кој порасна на +12 на полувреме. Третиот период беше единствениот кој не успеаја да го добијат, но не го ни загубија, бидејќи заврши нерешено, 20-20. Во последната четвртина комплетна доминација на Црвена ѕвезда, која постигна 20 поени, наспроти деветте на Цибона.

Мечот во Загреб беше одлично загревање за кошаркарите на Црвена ѕвезда за она што им претстои, а тоа се двата домашни натпревари од Евролигата, против Панатинаикос и Виртус Болоња.

- Оглас -

Најнови вести