20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Црвена ѕвезда уште еднаш покажа дека ги има најдобрите навивачи во ЛШ (Видео)

Црвена ѕвезда ја заврши европската авантура за оваа сезона откако заврши на последното место, зад ПСЖ, Ливерпул и Наполи. Уште по извлекувањето на групите, јасно беше дека ова е најсилната група сезонава и дека српскиот првак нема да има шанси да биде на првите две позиции.

Иако завршија последни, „црвено-белите“ освоија четири бодови и на секој од ривалите му дадоа барем по еден гол. На сите три меча на кои беа домаќини, стадионот „Рајко Митиќ“ беше исполнет до последното место, а навивачите создадоа фантастична атмосфера.

Како што денеска изјави легендарниот Драган Џаиќ, да имаше две „Маракани“, и двете ќе беа полни со навивачи да ја бодрат Црвена ѕвезда. Симпатизерите на некогашниот европски првак и вечерва одлично ги бодреа своите миленици, а пред мечот направија кореографија за восхит.

- Оглас -

Најнови вести