Црвена ѕвезда водеше, па спасуваше бод, Њукасл го растури ПСЖ, очекувани победи на Барселона и Сити (Видео)

Одличен просек од 3,5 гола по натпревар, односно 27 гола на осум натпревари во денешната програма на Лигата на шампионите. Фаворитите Манчестер сити, Барселона и Атлетико Мадрид забележаа очекувани победи, ПСЖ доживеа дебакл, додека мечот во Белград помеѓу Црвена ѕвезда и Јанг бојс заврши нерешено.

Токму Црвено-белите од Белград имаа водство од 1-0 по првиот дел против шампионот на Швајцарија, но во второто полувреме следуваше комплетен пресврт со головите на Угриниќ и Итан. Бодот за Црвена ѕвезда го донесе Букари во 88-мата минута.

Екипата на ПСЖ доживеа вистински дебакл на гостувањето на „Ст. Џејмс парк“ и загуби со 4-1 од Њукасл. Победата на премиерлигашот беше најавена уште во првото полувреме, кога Њукасл имаше предност од 2-0 со головите на Алмирон и Брн. Во вториот дел Лонгстаф зголеми на 3-0, а Ернандес намали на 3-1. Конечните 4-1 ги постави Шар во 91-вата минута.

Манчестер сити со головите на Алварес и Доку во второто полувреме дојде до победа од 1-3 на гостувањето кај Лајпциг откако по првиот дел резултатот беше израмнет, 1-1.

Резултати:

Селтик – Лацио 1-2
Црвена ѕвезда – Јанг бојс 2-2
Борусија Дортмунд – Милан 0-0
Порто – Барселона 0-1
Њукасл – ПСЖ 4-1
Лајпциг – Манчестер сити 1-3

Антверпен – Шахтар Донецк 2-3
Атлетико Мадрид – Феенорд 3-2

- Оглас -

Најнови вести