Кошаркарите на Црвена ѕвезда на експресен начин и без изненадувања обезбедија пласман во полуфиналето на Јадранската АБА-лига откако и вторпат го совладаа Задар, овојпат на гости со 63-74.
Дуелот мина без поголеми драми иако Црвено-белите имаа предност само од два поена разлика на полувремето. Победникот беше решен во третиот период кој Црвена ѕвезда го доби со 18-11. До крајот на мечот, Црвена ѕвезда само рутински ја сочува победата.
Божиќ и Чампара од Задар беа најефикасни на паркетот со 17, односно 15 поени. Во победничкиот состав Митровиќ постигна 13 поени, додека Кампацо уфрли еден помалку.
Противник на Црвена ѕвезда во полуфиналето на Јадранската лига ќе ѝ биде составот на Будуќност, кој ја елиминира Олимпија Љубљана со 2-0 во серијата.