Дефанзивецот од Буркина Фасо, Насер Џига, минатото лето направи трансфер од Базел во Црвена ѕвезда за три милиони евра откако минатата сезона ја мина како позајмен во редовите на Црвено-белите. Одличната игра оваа сезона беше препорака неколку екипи од Премиер лигата да тргнат по неговиот потпис.
Српските медиуми шпекулираат дека интерес за Џига има од Арсенал, Кристал палас, Брентфорд и Вулверхемптон. Очекувањата на раководството на Црвена ѕвезда се дека ќе го продадат за над 10 милиони евра, па заработката со сигурност би била осумцифрена во европска валута.
Репрезентативецот на Буркина Фасо оваа сезона за Црвена ѕвезда одигра 20 натпревари и постигна еден гол.