32.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Црвената фурија не се снаоѓа добро без играчи од Барселона

Шпанците синоќа во Глазгов претрпеа пораз од Шкотска со 0-2, а новиот селектор Луис де ла Фуенте во почетниот состав не стави ниту еден фудбалер на Барселона, нешто што е прилично ретко.

Единствен играч на моментниот лидер на шпанското првенство беше Гави, а тој влезе во игра во второто полувреме. Ова беше првпат по две години да нема ниту еден член на Барселона во стартните 11 на Црвената фурија, а и во март 2021, кога играа без Каталонци против Грција, не победија, тогаш беше 1-1.

Ова беше само петти пат, сите случаи се од 2005 година наваму Шпанија да нема ниту еден играч на Барселона во почетниот состав.

- Оглас -

Најнови вести