Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство во кошарка откако по голема борба ја елиминира Финска, славејќи со 100:90.
Шпанците беа фаворити и пред мечот, но мораа добро да се намачат за да влезат меѓу четирите најдобри во Европа.
Финците одлично го почнаа мечот и по првите 10 минути имаа двоцифрена предност од 30:19. Во втората четвртина Финска стигна и до најубедливи 15 разлика (50:35), а до полувремето Шпанија стигна до едноцифрена негатива.
Третата четвртина беше најдобра за Шпанците и овој период го добија со 30:15, па во решавачката четвртина влегоа со предност од 73:67. Црвената фурија одигра одлично кога беше најпотребно и на крајот стигна до сигурна победа.

