Шефилд јунајтед – Манчестер јунајтед (17:30ч, 13-то коло во Премиер лига)
Шефилд е можеби најпријатното изненадување во Премиер лигата сезонава по амбициозниот Лестер. Повратникот во елитата засега сигурно чекори кон својата цел, а тоа е да се опстане меѓу најквалитетните англиски екипи. Веќе пет меча Шефилд е без пораз и го завзема осмото место на табелата, во таа низа издвои две победи, но се чини дека денеска ќе дојде крајот на серијата.
Манчестер полека воспоставува стабилност, ако се земе во предвид дека во последните седум дуели во сите натпреварувања издвоија пет победи. Против Шефилд имаат максимален учинок од три триумфи на исто толку натпревари – два од нив се од минатата деценија со конечни 2-0 и 1-2, а 1-0 славеа Ѓаволите во ФА купот пред три години.
Традицијата против Сечилата треба да продолжи и во овој меч за тимот на Оле Гунар Солскјер, без разлика што обичната „двојка“ има висока квота од 2.15.
Предлог тип: 2 (2.15)
Сент Етјен – Монпелје (17ч, 14-то коло во Лига 1)
Сент Етјен ќе се обиде да ја задржи непоразителната форма од шест меча и во дуелот против Монпелје на домашен терен. Иако на домаќините ќе им недостасува клучниот играч Кабај, Сент Етјен е благ фаворит и треба да го искористи тоа.
Монпелје делува доста нестабилно, особено на гости бидејќи сезонава уште е без победа надвор од дома во шест меча. Но, треба да се знае дека на последните две гостувања кај Сент Етјен, Монпелје славеше на двапати со минимални 1-0, а еден гол или празни мрежи е најчест исход кога се среќаваат овие две екипи.
Предлог тип: 1X & 0-2 (2.12)
Сампдорија – Удинезе (18ч, 13-то коло во Серија А)
Бодовната разлика меѓу Удинезе и Сампдорија е пет, иако екипата од Џенова има само еден пораз повеќе од Зебрите. Сампдорија е во позиција да се бори за опстанок, Удинезе е на средина од табелата, но и на двете екипи императив им е победа.
Сампдорија во последните пет првенствени меча освои шест бода од максимални 15, издвои само еден триумф, па јасно е зошто се наоѓа во црвената зона. Удинезе игра турбулентно, но некако успеа да се радува на четири победи. Петте последни меѓусебни дуели Сампдорија и Удинезе ги делат на по две победи и реми, а најчесто победува домаќинот.
Доколку денес добие шанса, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски може да биде клучен за гостите, а евентуален погодок може да му ја крене самодовербата за во иднина.
Предлог тип: ГГ (2.04)
Хофенхајм – Мајнц (18ч, 12-то коло во Бундеслига)
Интересна е ситуацијата во пресрет на овој меч. Новиот тренер на Мајнц Ахим Бајерлорцер, доби отказ од Келн по поразот од Хофенхајм во претходното бундеслигашко коло, па сега авантурата во новиот клуб му започнува со предизвик токму против екипата која му го означи крајот во Келн.
На домаќините им недостасуваат голем број на првотимци, но Хофенхајм и без нив се снаоѓа и влезе во одлична серија од пет победи во шампионатот. Тоа не е добра вест за Мајнц, особено што како гостин овој тим сезонава издвои само еден триумф, а претрпе пет порази. Едно е сигурно, меѓусебна пресметка на овие две екипи редовно е зачинета со голови, последните четири меча завршија со резултат од 4-2, 1-1, 4-2, и 2-3.
Предлог тип: 1 & ГГ (2.88)
Вилјареал – Селта Виго (18:30ч, 14-то коло во Ла Лига)
Жолтата подморница има поголеми шанси да слави во мечот на десеткуваните против Селта. И на двете страни недостасуваат голем број на играчи, што значи дека ќе победи тимот кој има поздрав состав.
Тимот од Виго тоне кон дното, со наредени пет порази во серија им се пресликува истото сценарио од ланската сезона. Вилјареал пак, два од вкупно пет порази досега ги претрпе во последните три меча, а позиција на средината од табелата не е нешто што го посакува поранешниот шпански вицепрвак.
Вилјареал славеше во четири од последните шест меѓусебни дуели против Селта, но ги загуби последните два меча од кои еден пораз претрпеа на домашен терен со 2-3. Барем е јасно дека една екипа ќе се радува вечерва на цел плен.
Предлог тип: 1X & 1-3 (1.98)
Рома – Бреша 1-1 & Х1 (2.65)
Шефилд ј. – Манчестер ј. X2 & 2-4 (2.20)
Хофенхајм – Мајнц Т1 1+I & 1+II 2.30