Стоперот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, е суспендиран на еден натпревар и нема да може да им помогне на соиграчите во следното коло од Ла Лига против Еспањол.
Иако се шпекулираше дека Реал Мадрид со поднесена жалба до Ла Лига ќе успее да го „поништи“ неговиот црвен картон, тоа не се случи.
Хаусен доби суспензија од еден меч, поради што ќе го пропушти следниот дуел против Еспањол.
Покрај него, надвор од редовите за овој натпревар ќе бидат и одамна повредените Антонио Ридигер и Ферлан Менди, како и од вчера – Трент Александер-Арнолд.