25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Црвените ѓаволи ги делат 45 минути од освојување на првиот трофеј сезонава

Фудбалерите на Манчестер јунајтед водат со 2:0 против Њукасл по првото полувреме во финалето на Лига купот, кој сега се нарекува Карабао Куп.

Црвените ѓаволи двата гола ги постигнаа во финишот од првиот дел, резултатот го отвори Каземиро во 33-та минута, а шест минути подоцна Маркус Рашфорд го удвои водството.

Манчестер јунатед има шанса сезонава да освои дури четири трофеи, Црвените ѓаволи се уште се во игра во ФА Купот, се наоѓаат на третото место на табелата во Премиер лигата и обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести