Манчестер јунајтед и Арсенал изненадувачки имаат негатива по првото полувреме од мечевите во третото коло во Премиер лигата.
Фановите на англиските гиганти, на „Олд трафорд“ и на „Емирати“ доживеаја шок во првите минути. Нотингам форест за само четири минути постигна два гола и го замолкна „Олд трафорд“.
WHAT A GOALL!!Forest take the lead against Manchester United 0-1 #MUNNFO
pic.twitter.com/evzeAx4i3K— JaceAllen (@JaceAllenGoat) August 26, 2023
Прво Авонији во втората минута го отвори резултатот, а само две минути подоцна Боли му донесе водство на Нотингам форест од 0:2.
https://twitter.com/i/status/1695446089007030627
Црвените ѓаволи успеаја да постигнат гол, и тоа во 17-та минута преку Кристијан Ериксен.
https://twitter.com/i/status/1695445586000978191
Шок доживеаја и навивачите на Арсенал во дуелот со Фулам и тоа во првата минута.
https://twitter.com/i/status/1695440674118664603
Андреас Переира го искористи невниманието на голманот Арон Рамсдејл и во 57-та секунда го постигна најбрзиот гол во третото коло во Премиер лигата.
Предност по првото полувреме има Брентфорд против Кристал Палас и тоа благодарение на голот на Шејд.