Црвените ѓаволи ја продолжија соработката со четворица фудбалери, петтиот се двоуми дали да потпише

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед денеска го продолжи договорот на една година со четворица првотимци, и тоа со Маркус Рашфорд, Лук Шоу, Диого Далот и Фред.

Договорите на овие фудбалери со клубот истекуваа во јуни 2023 година и со новите договори тие ќе останат на „Олд Трафорд“ до 2024 година.

Управата на Јунајтед му понуди нов договор и на уште еден играч чиј договор истекува на крајот од сезоната, голманот Давид де Хеа.

Двете страни седнаа на преговарачка маса, но проблем претставува платата на Шпанецот која изнесува 375.000 фунти неделно. Јунајтед му нуди на Де Хеа нов договор, но со помала плата, додека голманот бара платата да биде иста и да добие најмалку нов двегодишен договор, а не на една како што гласи понудата.

- Оглас -

Најнови вести