Црвените ѓаволи ќе плаќаат богатство за Лисандро Мартинес – Убав бонус има за Ајакс, без разлика дали стоперот ќе игра цел меч, или една секунда

Манчестер јунајтед ќе му плаќа вистинско богатство  на Ајакс од 66.667 евра по натпревар за Лисандро Мартинес, како бонус предвиден со клаузула во договорот за трансфер што чинеше 57.32 милиони евра.

Договорено е вкупниот бонус да биде 10 милиони евра, а на Ајакс му е сеедно дали стоперот што му го продаде на Манчестер јунајтед ќе игра една секунда на натпревар, или цел меч, бидејќи бонусот од два милиони евра по сезона, или 66.667 евра по натпревар е загарантиран, со максимум од 30 одиграни мечеви по сезона.

Лани Лисандро одигра вкупно 49 натпревари за Ајакс, клуб со кој има две титули, а лани со Аргентина го крена и пехарот во Копа Америка.

Аргентинецот кој е најнизок стопер во Премиерлигата со 177 сантиметри потпиша договор со Манчестер јунајтед со важност до 2027 година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести