Црвените ѓаволи од Египет се најтрофеен клуб на сите времиња, Барса му „бега“ на Реал за една титула (Фото)

Црвените ѓаволи од Египет, Ал Ахли се најтрофеен клуб на планетата со вкупно 117 пехари, 93 од нив на домашната сцена и 24 интернационални, а зад нив во топ-5 се двата гиганти од Шкотска, Глазгов Ренџерс и Селтик и меѓу нив на третото и четвртото место уругвајските великани Национал и Пењарол.

Веднаш зад водечката петорка е шпанскиот двоец од „Ел Класико“ Барселона со 89 титули и Реал Мадрид со една помалку.

Интересно е што Глазгов Ренџерс како второрангиран клуб со вкупно 115 трофеи има само еден пехар на интернационалната сцена, но и најмногу домашни во топ-30. И големиот ривал Селтик има само еден голем успех и трофеј на меѓународна сцена и дури 104 во Шкотска.

Најтрофејни според освоените пехари на интернационална сцена, по 24 се Ал Ахли и Реал Мадрид. Високо котира и португалскиот двоец Бенфика со 81 титула и Порто со 74 на осмото и десеттото место, а меѓу нив е грчки Олимпијакос со богата колекција од 75 пехари.

Баерн Минхен е најуспешен германски клуб со 69 титули на вечната листа, заедно со Ајакс, кој има ист број на пехари во витрините.

Манчестер јунајтед е број 1 во Англија со 66 трофеи, a Јувентус е веднаш зад него како најуспешен италијански клуб со 62 пехари.

Убедливо најтрофеен клуб во Македонија е Вардар со 19 титули. „Црвено-црните“ имаат 10 шампионски титули во независна Македонија, една од поранешна Југославија, пет куп-титули на нашата земја и еден пахар од поранешната држава и две титули во Суперкупот на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести