Црвените ѓаволи се пофалија со најнискиот стопер во Премиер лигата (Фото)

Лисандро Мартинес и официјално е нов играч на Манчестер јунајтед, а англискиот гигант објави дека е потпишан договор до 2027 година, со можност тој да се продолжи за уште една година потоа.

Мартинес, односно Ајакс и Манчестер јунајтед долго преговараа и на крајот Црвените ѓаволи успеаја да го купат Аргентинецот, кој е висок 177 сантиметри и е најнискиот стопер што идната сезона ќе игра во Премиер лигата.

https://twitter.com/Squawka/status/1552263680196231168?s=20&t=M3FlLu3Z_WoN8QHhEkdlYg

Трансферот на Мартинес од Ајакс ќе го чини Манчестер 57 милиони евра и плус уште 10 милиони во бонуси.

Лисандро с о Ајак сосвои две титули во Холандија, а со Аргентина лани стана првак на Јужна Америка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести