Црвените ѓаволи се спасија од пораз, настрадаа Милионерите од Дортмунд

Манчестер јунајтед се спаси од пораз против Лестер и одигра нерешено 1:1 во меч од 31. коло во Премиерлигата, а настрадаа Милионерите од Дортмунд и тоа во спектакуларна атмосфера на свој терен од Лајпциг во меч од 28. коло во Германија.

Ихеначо им донесе предност на Лисиците во 63. минута на „Олд Трафорд“, а брзо само 180 секунди подоцна израмни Фред.

Гостите постигнаа уште еден гол, но беше поништен поради фаул, па остана нерешено 1:1.

Борусија за првпат по 736 дена играше пред полн стадион на „Сигнал Идуна Парк“ пред 81.365 гледачи во фантастична атмосфера, но ги нокаутира Лајпциг со 4:1.

Лајмер двапати погоди во првото полувреме, а потоа мрежата на домаќините ја тресеа и Нкунку и Олмо.

Почесниот гол за Борусија го даде Мален, но Милионерите ја губат битката за титулата со Баерн Минхен.

На шест кола до крајот на германското првенство Баерн има 9 бода предност пред Борусија и е на прагот да ја одбрани титулата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести