Црвените ѓаволи си донесоа засилување од Серија А

Манчестер јунајтед се договори со италијанскиот тим Фиорентина за едногодишна позајмица на мароканскиот репрезентативец, Софијан Амрабат.

Црвените ѓаволи цело лето се поврзуваа со трансферот на Амрабат, и на последниот ден од преодниот рок се договорија со Виолетовите за едногодишна позајмица која ќе ги чини 10 милиони евра.

Во договорот има опција и за задолжителен откуп на договорот идното лето и тоа за 20 милиони евра плус пет милиони во бонуси.

Амрабат во Фиорентина пристигна пред три години од Верона за 20 милиони евра и за тоа време одигра 107 натпревари на кои постигна еден гол и имаше една асистенција.

Амрабат е второ засилување за Црвените ѓаволи во последниот ден од преодниот рок, пред него на едногодишна позајмица пристигна и Серхио Регулон од Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести