Црвените ѓаволи супер се снајдоа на калта во Транмер

Манчестер јунајтед конечно ги израдува своите бројни навивачи со убедлива победа, додуша во ФА купот против третолигашот Транмер, но и тоа е нешто ако се знае дека некако се навикнаа на разочарувања.

Црвените ѓаволи славеа со 6-0, сите шест гола ги дадоа различни играчи, а првото полувреме го добија со 5-0. Јунајтед не дал пет гола во прво полувреме уште ид 2001 година кога го растурија Арсенал, а еден од стрелците беше актуелниот тренер Оле Гунар Солскјер.

Во ФА купот, 72 години им се немаше случено во куп гостување да дадат пет гола за 45 минути игра, а цели 128 години не се случило шест различни фудбалери на Манчестер да дадат гол на еден ист меч.

Голем интерес кај медиумите предизвика теренот во Транмер. Пред мечот, теренот беше покриен за да се заштити од силниот дожд, но колку и да се обидуваа организаторите, сепак теренот беше каллив и воден во големи сектори каде што требаше да има трева. Јунајтед добро се снајде на калта, даде дури 6 гола и и на социјалните мрежи почнаа шеги дека тимот треба да ја извади тревата на „Олд Трафорд“ и почесто да игра на кал.

Еве како изгледаа подготовките за нормално одвивање на мечот:

- Оглас -

Најнови вести